ВИДЕО: Интернет „гори“ од критики: Мадона го „украла“ телото на своја обожавателка

Музичката дива Мадона се најде на мета на обвинувања поради потегот кој никој не би очекувал од неа. Имено, цел свет зборува за фотографијата на легендарната пејачка од 2015 година, која сега стана вирална поради очигледната употреба на Фотошоп, но и на „кражба“.

Кралицата на поп музиката не ги коригирала недостатоците, како повеќето нејзини колеги, туку својата глава ја „залепила“ на телото на непозната девојка која е мошне активна на социјалната мрежа ТикТок, а која сега откри дека се обидела да контактира со тимот на Мадона, но никогаш не добила одговор…

Деновиве, музичката икона Мадона е главна тема на дискусија на социјалните мрежи, а сето тоа поради неочекуван потег што остави милиони луѓе во шок.

Имено, корисничката на ТикТок, Амелија М. Голди сподели видео во кое тврди дека 62-годишната пејачка ѝ ја украла фотографијата и го фотошопирала своето лице на нејзиното телото.

Младата девојка истакнала дека станува збор за фотографија на која поп кралицата позира на креветот во маица со логото на Joy Division, мини здолниште и чизми до глужд со високи потпетици, а ја објавила во 2015 година за да го промовира својот албум „Rebel Heart“.

Амелија М. Голди раскажала дека прво помислила дека се работи за шега кога првпат ја видела објавата, така што не ја сфатила сериозно сѐ додека не забележала обработена фотографија објавена на официјалниот инстаграм-профил на славната музичарка.

„Се обидов да ја контактирам двапати преку Инстаграм, но немаше одговор. Дефинитивно би се насмеала и би рекла дека сум поласкана, но секако дека сакав да видам дека сум потпишана“, рекла Амелија во интервјуто за „Базфид“.

И покрај негодувањата во јавноста, ниту Мадона ниту некој од нејзиниот тим досега не се огласиле ниту ги негирале обвинувањата, а фотографијата објавена во мај 2015 година сè уште стои на нејзиниот профил.

Некои се дотолку огорчени што пишуваат негативни коментари и славната пејачка ја нарекуваат дека е „крадец“.

„Страшен Фотошоп, а ти си ужасен крадец“, „Ова е веројатно нивото на Фотошоп што го имав во мојата 11 година“, „Како сѐ уште се случува ова? Таа украде нечија фотографија. Секој што ќе наиде на овој пост, пријавете го“, се само некои од коментарите.

За разлика од ужаснатите корисници на социјалните мрежи кои не можат да поверуваат што направи Мадона и продолжи да се однесува како сè да е добро, Амелија М. Голди тврди дека целата ситуација ја тера да се смее.

„Ми рекоа дека е одлична работа за популарноста, што ме насмеа, но јас го споменав тоа и на интервју за работа, им се допадна“, заклучила Амелија.

@ameliamgoldie

When Madonna photoshops her face onto your body (never thought that’d be a sentence I’d say) #ohno #madonna

♬ Oh No – Kreepa

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот