ВИДЕО: Интер убедливо ја совлада Црвена звезда, Арсенал го доби дербито против ПСЖ

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во вторникот се одиграа девет натпревари во рамките од второто коло во фудбалската Лига на шампионите.

Во дербито на колото одиграно на „Емирати“ стадионот во Лондон екипата на Арсенал со 2:0 триумфираше над ПСЖ.

Головите за англискиот претставник ги реализираа Хаверц во 20 и Сака во 35 минута.

На стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано составот на Интер убедливо со 4:0 ја совлада Црвена звезда.

Првиот гол за Италијанците го постигна Чалханоглу во 11 минута, предноста ја зголеми Арнаутовиќ во 59 минута, за 3:0 се погрижи Мартинез Л., а конечниот епилог го постави Тареми од пенал во 81 минута.

Барселона на домашен терен ја оправда фаворитската улога против Јанг Бојс (5:0). Двоен стрелец беше Левандовски во осмата и 51 минута, по еден погодок имаа Рафиња во 34 и Мартинез И. во 37 минута, а автогол во 81 минута си постигна Камара.

Во другите мечеви: Салцбург – Брест 0:4, Штутгарт – Спарта Прага 1:1, Баер Леверкузен – Милан 1:0, Дортмунд – Селтик 7:1, ПСВ – Спортинг 1:1, Слован Братислава – Манчестер сити 0:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот