ВИДЕО: Интер сигурно чекори кон Скудетото, Пирло го преживеа Наполи

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер направија нов исчекор кон освојување на титулата во Серија А откако го совладаа Сасуоло со 2:1. „Неразѕурите“ на девет кола до крајот на сезоната, се лидери на табелата со 61. бод, дури 11 повеќе од второпласираниот Милан.
Очекувано, како и во најчесто оваа сезона, јунак на Интер беше Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец веќе во 10. минута го донесе својот тим во водство со одличен удар со глава по асистенцијата на Ешли Јанг. Овој резултат беше активен се до 67. минута кога Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0 и тоа по асистенција на Лукаку. До крајот на натпреварот, Сасуоло успеа само да го намали резултатот и тоа преку Хамес Траоре во 85. минута.


Фудбалерите на Јувентус излегоа од мини кризата од два меча без победа и во заостанатиот натпревар од третото коло, со 2:1 го совладаа Наполи.
Натпреварот имаше речиси идентично сценарио како тој во Милано, Јувентус поведе со 1:0 во 13. минута преку Кристијано Роналдо. Во второто полувреме, Пауло Дибала во 73. минута зголеми на 2:0, а Лоренцо Инсиње со голот од пенал во 90. минута го ублажи поразот на Наполи.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 14. минути, откако во 76. минута влезе на местото на Дрис Мертенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот