ВИДЕО: Интер се враќа во борбата за Скудетото

Марсело Брозовиќ останува во редовите на Интер/Фото: EPA-EFE/ETTORE GRIFFONI

Интер вечерва на гостински терен кај екипата на Венеција во натпреварот од 14 коло во италијанската Серија А славеше со 2:0.

„Нераѕурите“ беа апсолутни фаворити, иако можеби се очекува повеќе погодоци на „Пјерлуиџи Пенцо“ стадионот.

Водечкиот гол е постигнат во 34 минута, турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од некои 17-18 метри со силен удар прецизно стрелаше за предност на миланскиот клуб.

На самиот крај од средбата, беше досуден пенал за Интер, а резервниот играч Лаутаро Мартинез беше сигурен од белата точка.

Клубот од „Џузепе Меаца“ заостанува еден бод зад водечкиот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во генералниот пласман.

ВИДЕО: Аталанта после 32 години успеа да го совлада Јувентус во Торино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот