ВИДЕО: Интер повторно на врвот во Серија А, на потег е Милан!

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Интер во 21 коло од италијанската Серија А како гостин ја совлада Фиорентина со резултат 0:2 на стадионот „Артемио Франки“.

„Неро-аѕурите“ одиграа многу добар натпревар и на крајот дојдоа до трите бода на незгодното гостување во Фиренца. Николо Барела на Интер му донесе предност во овој меч, убаво реализираше после половина час игра (0:1).

Имаше уште доста шанси да се постигнат нови погодоци во првото полувреме, но на одмор се замина со минимално водство на миланската екипа.

После седум минути игра во понатамошниот период клубот од „Џузепе Меаца“ дојде и до вториот гол, односно прекрасна акција завршува Перишиќ за поставување на конечниот епилог.

Интер повторно е лидер во генералниот пласман со 47 бодови, еден повеќе од второпласираниот Милан кој својата средба во шампионатот ќе ја има в недела на домашен терен против Кротоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот