ВИДЕО: Интер не го дава врвот во Серија А

Фудбалерите во дербито го совладаа Лацио/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер славеа во дербито на 21 коло од Серија А над Лацио со 2:1 и така се врати на чело на табелата со еден бод повеќе од Милан.

Интер сега има 49 бода од 20 натпревар, додека Милан има бод помалку од 21 натпревар во Серија А.
Интер поведе во 30 минута преку Бастони, но само пет минути подоцна Чиро Имобиле го израмни резултатот.

Во второто полувреме, доминацијата на „неразурите“ се исплатеше и во 67 минута Милан Шкринијар донесе триумф за лидерот на табелата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот