ВИДЕО: Интер како „машина“, Елмас со минутажа на „Џузепе Меаца“!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

После трите победи по ред денеска во 12 коло од италијанската Серија А Наполи загуби на гостувањето кај Интер со 1:0.

Клучниот момент на „Џузепе Меаца“ во Милано се случи во 71 минута кога главниот судија покажа на белата точка, Инсиње доби црвен картон поради прекршокот во казнетиот простор.

Прецизен од пенал беше белгискиот интернационалец Лукаку за вкупно петти триумф во низа (осми сезонава). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 85 минута како замена за Германецот Деме.

Џенова на домашен терен одигра реми 2:2 против Милан, кај домаќините во составот не беше Горан Пандев поради повреда на грбот.

Во другите мечеви: Фиорентина-Сасуоло 1:1, Парма-Каљари 0:0, Специја-Бoлоња 2:2 и Верона-Сампдорија 1:2. На табелата Наполи е на четвртото место со 23 бодови, додека Џенова и натаму е во опасната зона за испаѓање од лигата, на 18 место со седум бодови.

ВИДЕО: Јуве само до бод, Роналдо утна пенал, се посрамоти Мората!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот