Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВИДЕО: Интер ја „прегази“ Болоња, Пандев со минутажа против Фиорентина

Денеска во четвртото коло од најсилното италијанско првенство составот на Интер предводен од тренерот Симоне Инзаги на стадионот „Џузепе Меаца“ со убедливи 6:1 славеше над Болоња.
На теренот во Милано сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме кога „нераѕурите“ стрелаа преку Мартинез, Шкринијар и Барела.
Весино реализираше во 54 минута, а следните два погодоци беа дело на босанскиот интернационалец Џеко.
Болоња успеа само да го ублажи својот прв пораз во 86 минута со голот на Тит после асистенцијата на Бароу.
На табелата води Интер со 10 бодови, а три помалку има екипата на Синиша Михајловиќ на седмото место.
Џенова загуби од Фиорентина со 1:2, на стадионот „Луиџи Ферарис“ за домашната екипа од 53 минута настапи македонскиот напаѓач Горан Пандев како замена за Дестро.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5