ВИДЕО: Интер ги совлада Елмас и Наполи и се вклучи во трката за титулата

Прв пораз за Елиф Елмас и Наполи сезонава во италијанската Серија А/Милано, Италија/21 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер го совладаа денеска на домашен терен во Милано составот на Наполи со 3:2, во натпреварот од 13 коло во Серија А и тоа беше прв пораз за играчите на Лучано Спалети.

Наполи поведе во 17 минута со голот на Пјотр Зиелински, а израмни Хакан Чалханоглу од пенал во 25 минута.

Тој му асистираше на Иван Перишиќ во 44 минута при водечкиот гол, а потоа стрелец во тимот на Милан беше Лаутаро Мартинез, во 61 минута.

Конечниот резултат го постави Дрис Мертенс со гол во 78 минута. Наполи нема пораз во последните два натпревари и вечерва го претрпе првиот пораз во лигата. Тимот е прв на табелата со 32 бода, исто колку и второпласираниот Милан.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за „наполитанците“ настапи од 75 минута како замена за Ирвинг Лозано. По осмиот триумф во лигата, Интер е трет со 28 бодови.

Видео на денот