ВИДЕО: Интер царува во Милано, го почести градскиот ривал со три „парчиња“

epa09027992 Inter Milan?s Lautaro Martinez (C) celebrates after scoring his team's first goal during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and FC Inter at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 21 February 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Популарното „дерби дела Мадонина“, помеѓу Интер и Милан заврши со убедлив триумф на „нераѕурите“ од 3:0.
Екипата на Интер со победата му избега на Милан и на  табелата, тие со 53 бода се лидери, имаат четири повеќе од градскиот ривал кој полека го губи здивот во трката за титулата во Серија А и го забележа вториот пораз по ред.

Победата ја најави Лаутаро Мартинез со голот во петтата минута. Лукаку од десната страна одлично центрираше во шеснаесетникот на Милан, а Мартинез со глава ја заби топката во мрежата на Донарума.
Потоа, иницијативата ја презеде Милан, заканите најчесто беа преку Ибрахимовиќ, но мрежата на Интер остана недопрена. Во второто полувреме, Милан повторно почна офанзивно, но по само 12. минути доживеа студен туш, Лаутаро Мартинез повторно го совлада Донарума.
Конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку во 66. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот