ВИДЕО: Интер без проблеми со Џенова, цел меч за Пандев!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска во рамките од петтото коло во најсилното италијанско првенство екипата на Интер славеше со 0:2 против тимот на Џенова. Целиот натпревар за домаќините на стадионот „Луиџи Ферарис“ го одигра македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Головите за „неро-аѕурите“ беа реализирани во текот на второто полувреме, дело на првиот погодок беше Лукаку во 64 минута по додавањето на Барела.

Конечниот епилог беше поставен во 79 минута, после еден изведен корнер скокна Ранокиа кој со глава асистираше до Д`Амброзио кој од непосредна близина ја затресе мрежата на Перин.

За составот предводен од тренерот Антонио Конте ова беше вкупно трета сезонава за моментно трето место со 10 бода, два помалку од водечкиот Милан кој својот меч треба да го одигра в понеделник во дербито со Рома.

Џенова после вториот пораз во шампионат има четири бода на 15 позиција во генералниот пласман. Во саботната програма се одигра и дуелот Аталанта-Сампдорија, гостите ги освоија трите бода триумфирајќи со 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот