ВИДЕО | Инфлуенсерка доби две години затвор поради видео на кое јаде свинско

Фото: Принтскрин/Тик-ток

Тиктокерката Лина Мукерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради видео на кое таа рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско месо, што наиде на широко осудување во земјата со мнозинско муслиманско население. Видеото стана вирално и собра милиони прегледи.

Во видеото, Лина се мршти додека ја изговара муслиманската молитва пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерката на судот во градот Палембанг е прогласена за виновна за „ширење информации со цел поттикнување омраза против религиозни поединци и одредени групи“.

 

@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli – SELEBVIRALL

Мукерџи, која и самата е муслиманка, за видеото, исто така, била казнета со голема парична казна – нареденао ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра).

Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење.

Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно грев.

Лина по судењето пред новинарите изјавила дека е изненадена од пресудата.

„Знам дека сум виновна, но не ја очекував оваа казна“, рекла Лина на локалната станица Метро ТВ.

Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, индонезискиот совет на улеми, пресуди дека нејзиното видео е богохулно.

Популарната инфлуенсерка има повеќе од 2,2 милиони следбеници на Тик-ток. Нејзиниот случај е последен во серијата осуди за богохулење од висок профил во последниве години.

Минатата година, шест лица беа уапсени откако синџир барови промовираше бесплатен алкохол за посетителите наречени Мохамед. А во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта беше фрлен зад решетки бидејќи беше обвинет за навреда на исламот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот