ВИДЕО: Инциденти на протестите во Србија, маскирани напаѓачи се судрија со демонстрантите

Протестни блокади во Србија / 4 декември 2021 / фото: Твитер

Низа инциденти се случија вчера на демонстрациите во Србија, на кои граѓани, во знак на протест против отворањето на рудник за литиум во западна Србија, блокираа клучни патишта и крстосници на педесетина локации ширум земјата.

Блокадите траеја од еден до два часа, а иако генерално поминаа мирно, на повеќе места настанаа тензии и се случија инциденти, главно во Белград и во Нови Сад.

Како што изјавија учесници на блокадите, полицијата не ги обезбедувала локациите, што создало погодна почва за судири со приврзаници на власта. Демонстрантите тврдат дека на повеќе места имало провокации од маскирани „хулигани“ кои ги навредувале собраните граѓани и фрлале со камења кон нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот