ВИДЕО | Инцидент во Романија: Кошаркар зеде метална шипка од градилиште и сакаше да се врати во салата

Фото: Screenshot

Кошаркарот Карел Гузман предизвика сериозен инзидент на кошаркарски натпревар во Романија откако беше исклучен на почетокот на втората четвртина.

Не заврши инцидентот со неговото исклучување откако се степа со Никола Марковиќ. Камерите надвор од салата го снимија Гузман како со метална шипка која ја зеде од едно градилиште се враќа кон салата.

За среќа, обезбедувањето во салата го спречи да се врати на теренот и да направи уште поголеми проблеми. За инцидентот се огласи и романската полиција.

„Кошаркарот го напушти теренот, а потоа продолжи да се однесува насилно. Откако ја напушти салата тргна кон градилиште од каде што зема метална шипка и се обиде да се врати во салата. Прво беше запрен од негов соиграч, за потоа да интервенира и обезбедувањето кое му го одзема предметот“, објавија од полицијата.

Инцидентот од натпреварот…

Моментот кога Гузман зема метална шипка од градилиштето во близина…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот