ВИДЕО: Инцидент во автобус на ЈСП во Кисела Вода

Фото; 24инфо.мк

Вечерва се случил инцидент во автобус со број 51 на ЈСП, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници, најверојатно ученици. Неофицијално, неколкумина се повредени во тепачката, а дел од медиумите објавија дека била нападната и новинарска екипа.

Околу автобусот, кој стоеше на коловозна лента пред споменикот на Тодор Александров, собрани беа неколку десетици млади млади луѓе, а на местото пристигна и тим на интервентната полиција.

Од МВР засега нема информации за инцидентот. Според неофицијални информации, тепачката се случила меѓу средношколци од селата Моране и Студеничани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот