ВИДЕО | Инцидент пред универзитет во Солун: Група маскирани луѓе се судрија со полицијата

Инцидент пред универзитет во Солун/ Фото МИА

Најмалку едно лице е уапсено, според локалните медиуми, во инцидентите што се случија пред Универзитетот „Аристотел” во Солун кога група маскирани лица се судрија со полицијата, пренесува Катимерини.

Според истите информации, грчката полиција интервенирала со солзавец и шок бомби откако била нападната со дрва и разни предмети пред делот од Универзитетот каде што се работи на изградба на библиотека, односно во простор што претходно, со години беше под опсада од анархисти.

Непознати лица, пред три дена влегоа во конкретниот простор и го вандализираа сето она што беше изградено во првата фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот