ВИДЕО | Инцидент на концертот на Јелена Розга во Сараево: Се степале неколкумина во публиката

Фото: Промо

Во саботата, на 2 ноември, хрватската пејачка Јелена Розга го одржа својот долгоочекуван концерт во салата Зетра во Сараево.

Сараево, исто така, беше домаќин на нејзиниот последен концерт како дел од турнејата „Минут срца твог“.

„Мамо, ги гледаш ли сите овие прекрасни луѓе во Сараево“, рече во еден момент Јелена, обраќајќи ѝ се на мајка си во публиката.

За време на концертот на популарна пејачка во Сараево дошло до физичка пресметка меѓу неколку лица.

Инцидентот се случил во партерот, а одговорни за тепачката биле лица кои имале акредитации, односно биле членови на организацијата, пренесува „Радио Сараево“.

На настанатата ситуација брзо реагирала и полицијата која интервенирала за да обезбеди ред и безбедност. На местото на настанот била присутна и брза помош која веднаш му помогнала на повредениот млад човек. Тој е пренесен во болница на дополнителни прегледи и лекување.

Детали за мотивите на конфликтот и состојбата на повредениот млад човек ќе бидат познати по завршување на полициската истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот