ВИДЕО: Импресивно забивање на синот на Леброн Џејмс

фото; [email protected]

Брони Џејмс, синот-тинејџер на познатиот НБА кошаркар Леброн Џејмс покажува дека крушата под круша паѓа, откако реализира атрактивно забивање во Франција

Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс ги следи стапките на татко си. Тинејџерот (17) имаше импресивно забивање на турнејата на неговиот „Калифорнија баскетбал клаб“ низ Франција, во меч против репрезентацијата до 18 години на земјата домаќин.

Секако, забивањето постетува на потезите на татко му на теренот.

Наследникот на „Кралот Џејмс“ веднаш доби многу пофалби за потезот преку социјалните мрежи вклучувајќи го и татко му. Брони (191 цм.) игра на бековските позиции.

Видео на денот