ВИДЕО: Имер ги загуби нервите во Лион, Швеѓанецот го кршеше столчето на судијата

фото: принтскрин/youtube.com/@tennistv

Микел Имер е дисквалификуван од осминафиналето на АТП турнирот во Лион, Франција. Шведскиот тенисер целосно ги загуби нервите по паузата против домашниот натпреварувач Артур Филс при резултат 5:5.

Филс доби многу важен гем на сервис на Имер, а Швеѓанецот веруваше дека еден од поените во тој гем требаше да му припадне нему.

Во текот на дискусијата со судијата на столчето, тој неколку пати се враќаше на линијата и покажа каде е трагата. Но, тоа не беше доволно за судијата да ја смени одлуката и да му додели поен, па од Имер излезе сиот гнев.

Младиот Швеѓанец не можеше да се контролира, со рекетот го скрши долниот дел од судиското столче, по што следуваа свирежи од трибините.

Супервизорот на турнирот веднаш донесе одлука и Имер беше дисквалификуван од турнирот. На видео записот можете да погледнете како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот