ВИДЕО | Имаше само 24 години: Почина познатиот тиктокер Франческо Лопрести

Франческо Лопрести и неговата девојка Кејтлин Реган / Фото: Инстаграм, Франческо Лопрести

По долга и тешка борба со ракот на тестисите, почина 24-годишниот Франческо Лопрести, еден од најпознатите Италијанци на платформата Тик-ток. Тажната вест ја соопшти неговата девојка Кејтлин Реган, а во видеото им се заблагодари на сите кои низ годините ја поддржуваа неа и нејзиното момче.

„Ми беше многу тешко да го снимам ова видео. Помина една недела откако го нема, затоа се немаше јавено. Заслужувате да знаете дека тој многу ве сакаше и дека ценеше сѐ што правевте за него, дека ги гледавте нашите снимки и бевте наша поддршка. Ви благодарам“, вели Кејтлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco LoPresti (@cescolopresti)

„Франческо, те сакам безусловно… се чувствувам скршено. Знам дека сакаш сите да знаат колку нивната љубов и поддршка ти го исплнуваа животот. Фала ти за вистинската љубовна приказна“, вели таа во емотивното видео.

Франческо често објавуваше пораки полни со позитивни мисли и оптимизам, а кои се однесуваа на неговата борба со ракот.

@kaitlin_reagan @cescolopresti ♬ original sound – Kaitlin_Reagan

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот