ВИДЕО: Имаше негатива од 2:0, на крајот Барса пукна „петарда“!

Фото: EPA-EFE/Pepe Torres SOCCER

Сите ја видоа Барселона пред елиминација од Кралскиот куп, но на крајот каталонскиот гигант ја оправда фаворитската улога иако многу потешко од очекувањата, триумфирајќи со 3:5 против Гранада по продолженијата.

Гранада водеше со головите на Кенеди (33`) и Солдадо (47`), домаќинот беше многу блиску до пласман во полуфиналето, но во финишот ја испушти предноста.

Најпрвин намали Гризман после асистенцијата на Меси (88`), а потоа и Французинот беше асистент на погодокот на Алба (90+2`), по што мечот отиде во продолженија.

А таму нови погодоци на средбата, Гризман го реализираше и вториот погодок (100`) сега за водство на Барса од 2:3, но изненадувачки и домаќинот не се предаваше и се погрижи за нов егал преку Феде од пенал. Составот на Куман собра нови сили и конечно успеа да го скрши отпорот на ривалот, де Јонг и Алба го поставија конечниот епилог.

Претходно пласман во полуфиналните борби обезбедија уште Севиља и Леванте на нашиот Енис Барди, а последниот учесник после утрешната пресметка помеѓу Бетис и Атлетик Билбао.

ВИДЕО: Барди и Леванте слават полуфинале во Кралскиот куп!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот