ВИДЕО | „Имаме двајца застрелани, крвават“: Објавена трагичната снимка за помош по пукањето на снимањето

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

„Ранчот Бонаназа Крек, имавме двајца случајно застрелани за време на снимањето на реквизитите. Ни треба помош сега”, објаснува супервизорката на снимањето Мами Мичел на диспечерот на итната помош што се случило, а сè убаво се слуша на аудиоснимката којашто ја објавија од американските медиуми. 

Станува збор за повик до итната помош по трагичниот настан што се случи во петокот на 23 октомври во Мексико на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust).

Alek Baldvin

Фото: Профимедиа

„Дали се застрелани со вистински куршум?“, прашува диспечерката, а Мичел одговара.

„Не можам да ви го кажам тоа. Имаме двајца застрелани на снимањето на филмот. Имавме проба, не знам дали беа вистински куршуми. Не знам колку е сериозно крвавењето, двајцата само паднаа, но свесни се. Истрчав надвор“, раскажува вознемирената жена.

Операторката потоа ѝ објаснува дека има уште низа прашања што треба да ѝ ги постават, а дека таа мора да одговори на сите, а потоа се слуша дека очајната жена го тргнува слушалката од уста и му вели на некој до неа:

„Дали го слушна, го*нар еден, асистент на директорот, уште па мене ми вика, а тој требаше да ги провери пиштолите, тој е одговорен“.

Потоа слушалката од Мичел ја зема маж кој го продолжува разговорот со операторката.

„Да, тие се свесни, не сум сигурна колку е сериозно, ние не сме со нив внатре. Мислам дека двајца луѓе имаат по една прострелна рана“, вели таа, а операторката вели дека ќе им објасни како да го забават крвавењето, на што мажот додава дека со ранетите веќе е медицинскиот техничар.

„Имаме медицински техничар на сетот, мислам дека веќе го прави тоа. Почекајте да проверам дали можам да пријдам поблиску… Еден од ранетите лежи. Крвари. Ние сме на првата капија“, вели мажот.

Пиштолот од кој Алек Болдвин испука куршум за време на снимањето и ја усмрти снимателката Халина Хачинс, му го предал помошникот на режисерот кој му рекол дека „оружјето е безбедно“, се наведува во записникот на истражниот суд, пренесува Би-би-си. Директорката на фотографија Халина Хачинс го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза е ранет.

Слушнете ја снимката:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот