ВИДЕО: Имало и поголемо зло: Оваа епидемија во Сан Франциско однесе 4 пати повеќе жртви од ковид-19

Досега, рекордни 621 лице починаа од предозирање со дрога во Сан Франциско оваа година, неверојатна бројка што далеку ја надминува бројката од 173 кои починаа од корона.

Кризата предизвикана од употребата на лекот против болки Фенатанил можеше да биде далеку полоша да не беа скоро 3.000 случаи кога се користеше препаратот Наркан за да се спасат оние кои зеле прекумерна доза.

Вработени во проектот ДОПЕ рекоа дека бројките веројатно се помалку од реалните бидејќи корисниците самите се пријавувале.

Податоците  во проектот за превенција и едукација за опасностите од  предозирање со дрога, на градската програма на Сан Франциско покажуваат колку пати луѓето пријавиле дека го користат лекот Наркан или се вратиле за да ја надополнат својата залиха.

Минатата година 441 лице починало од предозирање со дрога – што е зголемување за 70 проценти во однос на 2018 година – а 2.610 потенцијални предозирања ги спречил лекот Наркан. Овој лек  најчесто се прска во носот за да се поништи предозирањето со опиоиди, се вели во податоците на градската медицинска канцеларија за испитувања и ДОПЕ проектот .

Според „Сан Франциско хроника“, кризата се продлабочува затоа што Фентанилот, кој може да биде 50 до 100 пати посилен од морфиумот, го преплави снабдувањето со лекови во градот.  

Покрај тоа, пандемијата на коронавирусот ги наруши градските услуги како што се домувањето и третманот и остави многу луѓе кои се потпираат на другите да им помогнат да ги спасат ако сами се предозираат.

Иако скоро 40% од смртните случаи се случиле во населени места во близина на центарот на градот, градските податоци покажуваат дека епидемијата влијаела на секој дел од градот.

Многу луѓе  се предозирале во станбени згради со социјални станови и  во хотелски соби за бездомници финансирани од градот. Другите починаа на тротоарите, во сокаците и парковите низ градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот