ВИДЕО | Имал 208 килограми: Синот на најбогатиот човек во Азија едвај стигна до автомобилот, сопругата го остави зад себе…
Анант Амбани, син на Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија, се ожени со Радика Мерчант, ќерка на богат фармацевтски магнат, на традиционална хинду церемонија во Мумбаи. Свадбата траеше три дена, од 12 до 14 јули, а се проценува дека крајната цена би можела да биде блиску до неверојатни 500 милиони фунти. На самата венчавка гости беа и Ким и Клои Кардашијан, Пријанка Чопра и Ник Џонас, како и поранешните британски премиери Тони Блер и Борис Џонсон.
Инаку, во деновите што претходеа пред велелепната венчавка, се одржуваа бројни предсвадбени церемонии на кои пееја музичките ѕвезди Ријана и Џастин Бибер.
Новопечената двојка деновиве се појави на Олимписките игри во Париз, каде беа опкружени со бројни фотографи и обожаватели на улиците.
Анант и Радика се движеле и се држеле за раце, а потоа ги снимиле како се приближуваат до автомобилот. Анант тешко чекорел со мака, а Радика во еден момент му ја пуштила раката и го забрзала чекорот кон автомобилот.
Нејзиниот сопруг останал зад неа и малку побавно стигнал до автомобилот, што многумина го коментирале.
– Изгледа како добар човек, но таа ме разочара со овој потег пред сите – беше еден од коментарите.
Некои застанале во негова одбрана, па се осврнале на неговите здравствени проблеми. Имено, Анант во текот на животот се борел со бројни здравствени проблеми, а еден од најголемите е астмата.
Некогаш имал 208 килограми, но ослабел дури 108. Поради употреба на лекови му се вратиле килограмите кои подоцна повторно ги изгубил.
@taoualitamar Anant Ambani et son épouse Radhika font du shopping à #paris ♬ son original – AMAR TAOUALIT
Најбогатиот Индиец ги носи Ријана и над илјада гости на предсвадбена забава за својот син