ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

epa09278290 Players of Italy celebrate winning the UEFA EURO 2020 group A preliminary round soccer match between Italy and Switzerland in Rome, Italy, 16 June 2021. EPA-EFE/Andreas Solaro / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Италијанската фудбалска репрезентација продолжува да блеска на Европското првенство каде дефинитивно покажува зошто е еден од фаворитите за титулата.

Денеска избраниците на селекторот Роберто Манчини ја забележаа и третата победа во групата „А“ со резултат 1:0 против Велс на стадионот „Олимпико“ во Рим и така продолжија серијата на победи без примен гол.

Верувале или не, Италијанците врзаа 11 натпревари без примен гол со импресивна гол-разлика од 32:0 или ако сакате веќе 1000 минути не се тресе нивната мрежа.

Последниот кој успеа да ја затресе мрежата на Италија беше Дони ван де Бек, на 14 октомври 2020 година во Лигата на нации, кога мечот заврши 1:1.

Погледнете како Италија капитулираше за последен пат, и ќе видиме дали ќе ја продолжат чудесната серија во осминафиналето на Европското првенство, против Украина или Австрија.

Видео на денот