ВИДЕО | Има надеж: Извлечени живи десетина жители на Измир кои по земјотресот беа заглавени под урнатините

Над 10 лица се спасени во саботата по силниот земјотрес кој ја погоди областа Измир на егејското крајбрежје на Турција.

Турската агенција Анадолија објави дека еден човек е извлечен жив и по 30 часа од земјотресот.

Претходно од под урнатините на падната зграда е извлечен маж, 26 часа по земјотресот.

Хелим Сари е извлечен по 17 часа поминати под рушевините.

 

Мајка и нејзините 3 деца исто така се спасени по 23 часа затрупани под урнатините од разорниот земјотрес.

Во катастрофалниот земјотрес загинаа најмалку 28 лица, а 885 се повредени кога Измир се разниша од потресот со јачина од 6,6 степени.

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го посети местото што беше погодено од земјотресот и ги надледуваше спасувачките операции на теренот како и расчистувањето на урнатините од страна на специјалните служби.

Извор: Anadolu Agency AA

ВИДЕО: Мајка и нејзините три деца извадени живи после 24 часа минати под урнатините во Измир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот