ВИДЕО| Илон Маск претстави хуманоиден робот: Може да наводнува цвеќиња и да носи кутии

принтскрин Твитер

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, промовираше прототип на хуманоидниот робот „Optimus“, предвидувајќи дека производителот на електрични возила ќе може да произведе милиони примероци и да ги продаде за помалку од 20.000 долари.

„Имаме уште многу работа за да го подобриме Optimus“, рече Маск на претставувањето на роботот во канцеларијата на Tesla во Пало Алто, Калифорнија.

Маск истакна дека очекува компанијата да биде подготвена да прима нарачки за Optimus за три до пет години.

Прототипот на моделот за кој Тесла рече дека го развил во февруари излезе да ги поздрави насобраните луѓе со мафнување на раката , со видео на кое се гледа како прави едноставни задачи како што се наводнување растенија и носење кутии.

Тимот иноватори го извади робот на инвалидска количка тешка 73 килограми, а Маск изјави дека се надева дека роботот наскоро ќе може да оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот