ВИДЕО: Илјадници лица учествуваа на Парадата на гордоста во Тел Авив, прва после пандемијата

ЛГБТИ парада
Парада на гордоста/ Фото Архива на Слободен печат

Илјадници луѓе денеска излегоа на парадата на гордоста во Тел Авив, претставувајќи најголема излезеност од почетокот на пандемијата.

Парадата на крајбрежјето на Средоземното море се оджува во израелскиот град бидејќи е еден од ретките градови на Блискиот исток каде што ваквите теми не се сметаат за табу.

Дури 250 илјади луѓе присуствуваа на парадата во чест на ЛГБТ заедницата на Тел Авив во 2019та година, а годинава се одржа пак по ланската пауза поради пандемијата.

„Оваа година се очекуваа десетина илјади луѓе, бидејќи такви случувања во Тел Авив имаат голема традиција и ја шират пораката за еднаквост, прифаќање на човековите и граѓанските права“– изјави градоначалникот Рон Хулдаи.

Израел неодамна ги укина сите мерки поради пандемијата, по една од најуспешните кампањи за вакцинирање во светот, но по ширењето на делта сојот, тие ги вратија некои од рестрикциите.
Илјадници луѓе учествуваа на ваква парада во Ерусалим на почеток на месецов, славејќи ги правата на ЛГБТ заедницата во конзервативниот град.

Полицијата денес соопшти дека во Тел Авив уапси потенцијален напаѓач пред почетокот на парадата. Младиот можен напаѓач како што соопштува полицијата во него имал електро шокер и ланци. Ваквите напади на парадите не се новост за израелската полиција, откако во 2015та година Евреин забил нож во 16 годишна девојка која учествувала на парадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот