ВИДЕО: Илјадници Турци се собраа во поддршка на опозиционерка осудена за навреда на Ердоган

Фото: Јутјуб/принтскрин

Илјадници Турци синоќа излегоа на протест во Истанбул поради затворањето на опозициската политичарка Џанан Кафтанџиоглу, членка на Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција.

Демонстрантите во градската населба Малтепе извикуваа „права, закон, правда” во знак на поддршка и солидарност со Кафтанџиоглу.

Врховниот суд на Турција неодамна ја потврди петгодишната затворска казна за политичарката, која беше прогласена за виновна за навреда на претседателот и турската држава во нејзините објави на Твитер меѓу 2012 и 2017 година.

Кафтанџиоглу, шефица на истанбулскиот огранок на секуларната ЦХП, се насмевуваше и им отпоздравуваше на насобраните демонстранти.

На 50-годишната опозициска политичарка ѝ се заканува условна осуда и петгодишна забрана да се занимава со политика. Таа вели дека наводите се политички мотивирани.

Критичарите велат дека нејзината казна е дел од задушувањето на опозицијата од страна на Ердоган во пресрет на претседателските избори следната година.

Кафтанџиоглу, исто така, го предводеше истанбулскиот огранок на ЦХП за време на локалните избори во 2019 година, на кои се заврши 25-годишното владеење на партијата на Ердоган и нејзините претходници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот