ВИДЕО | Икарди го одлучи турското дерби, Барди одигра 20 минути

Фото: Galatasaray/Twitter

Галатасарај славеше победа во турското дерби со 2:1, а Енис Барди во овој натпревар одигра 20-тина минути.

Гомез брзо уште во првата минута го доведе Трабзонспор во водство, меѓутоа Галатасарај преку Дрис Мертенс во 18-тата минута изедначи на 1:1. Уште едно познато име од редовите на Галатасарај се запиша во листата на стрелци, Мауро Икарди стрелаше за водство од 2:1 во 53. минута. Овој гол на Аргентинецот се покажа и како одлучувачки.

Барди во игра влезе во 80-тата минута, но со оглед на долгото продолжение на теренот помина околу 20 минути.

На табелата во турската Суперлига Галатасарај е на врвот со 54 бодови, а Трабзонспор е шести со 38 бодови.

ВИДЕО | Етеми во одлична форма, го постигна деветтиот гол во сезоната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот