ВИДЕО: Играа со двајца голмани против Бенфика, претседателот плачеше на полувремето

Белененсеш играше само со девет играчи поради голем број на заразени од коронавирус/Лисабон, Португалија/27 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Во Португалија едноставно мораше да дојде до прекин на натпреварот од тамошниот шампионат во кој Белененсеш против Бенфика на теренот имаше само девет играчи, од кои двајца голмани, поради што во првото полувреме прими седум голови.

Тоа беше меч од 12 коло во португалската екипа, Белененсеш имаше на располагање само седум фудбалери и двајца голмани (Алваро Рамаљо на голот и Жоао Монтеиро на теренот), бидејќи скоро сите останати играчи на клубот се заразени од коронавирус.

Информациите велат дека домаќинот наводно не ни побарал да се одложи оваа средба, па тренерот Филипе Кандидо немаше друга опција да настапи со играчите кои ги има на располагање.

Веќе во 24 секунда од мечот домаќинот си постигна автогол, а до крајот на првите 45 минути Бенфика водеше со 7:0.

Во тие момент една од камерите го сними претседателот на Белененсеш, Руи Педро Соареш како плаче.

Потоа се чекаше подолго од очекуваното да продолжи натпреварот, а Белененсеш испрати само седум играчи на теренот. По продолжението на натпреварот, Жоао Монтеиро, голманот кој играше овој пат мораше да го напушти теренот поради повреда, па домаќинот остана со вкупно шест играчи, што беше доволна причина да се прекине дуелот поради недоволен број играчи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот