ВИДЕО | Игор Џамбазов сподели емотивен момент од концертот во Торонто: По цели 56 години, актерот се сретна со жената која го чувала во детството

Фото: Скриншот/Инстаграм

Македонскиот актер Игор Џамбазов честопати ги користи социјалните мрежи како простор каде споделува убави, носталгични приказни.

Тој и неговиот долгогодишен соработник и пријател Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе, минатата сабота (2 ноември) одржаа концерт во Торонто, на големо задоволство на Македонците кои живеат во Канада.

Неколку дена подоцна, Џамбазов сподели видео со најемотивниот момент од овој концерт. Имено, 56 години подоцна, актерот се сретна со Даринка, жената која се грижела за него и за неговата сестра Тања во детството.

„Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која нè чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас и во недостаток на родителите, кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, таа се обидуваше да ги замени. Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе и се надевам дека успеа во тоа.

А, кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница.

На концертот, ја повикав на сцената.

Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме.

56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров…“, напиша тој во описот на видеото.

ФОТО | „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме штити“: Игор Џамбазов со емотивна објава за роденденот на дедо му Петре Прличко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот