ВИДЕО | Игор Џамбазов ги поздрави првачињата: Актерот со песна им посака среќа на првиот училишен ден

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов  на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии  и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, колегите и пријателите.

Актерот на својот инстаграм – профилот сподели кратко видео на кое со својата гитара ги поздрави првачињата и им посака среќен почеток на учебната година.

Пред да почне да свири и пее, актерот се поклони пред својата онлајн публика.

Првото ѕвонче ѕвони, прваче крева глас, над книгата радост рони почнува првиот час. Ветуваме мамо тато, ќе учиме многу многу… , се само дел од стиховите на песната која овој 1 септември Игор им ја посвети на првачињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот