ВИДЕО | Идризово мора да се урне и да се изгради нов затвор

Горан Наумовски / Утрински брифинг

Во годинешниот Извештај на Европската Комисија наведено е дека земјава треба да продолжи да ги подобрува условите во затворите, што со други зборови значи дека состојбата со овие институции не е сменето ништо од лани кога беше објавен претходниот извештај.

Во најголемиот македонски затвор К.П.Д. „Идризово“ има 1.253 легла, а во него се згрижени 1.082 лица, од кои 1.040 се мажи, а 42 жени.

Овој затвор за прв пат најбројно се испразни кога беше донесена амнестијата во земјава, но за брзо време се пополни неговиот капацитет, изјави во „Утрински брифинг“ новинарот на „Слободен печат“ Горан Наумовски.

– Праксата вели дека криминалот во земјава е „машка работа“. Во однос на жените кои ќе се огрешат пред законот судот во изрекување на пресудата е „поблаг“, затоа и малку жени има во затворите. Судот за сторени некој кривични дела им пресудува и условни казни – изјави Наумовски.

Тој додаде дека не само во „Идризово“, туку и капацитетите на другите 11 затвори ни земјава се полни во однос на она што треба да биде исполнетост и услов за живот на затворениците. Наумовски додаде дека најнов затвор во земјава е тој во Куманово, кој е граден пред десетина години, а останатите затворски објекти се градени во СФРЈ, пред 40 и повеќе години.

Целиот разговор во видеото