ВИДЕО | „Иднината во наши раце“: Главен акцент во кампањата во Штип ставаме на борбата против криминалот

Петмината кандидати кои влегоа во трката за избор на градоначалник на Штип ја започнаа кампања за изборите закажани за 13 декември. Поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да има митинзи и собири по населбите, а промоцијата на програмите ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, додека флаерите ќе се делат на дистанца.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Гоце Ангелов од од коалицијата „Иднината во наши раце“.

-Сега работам како виш инспектор во СВР Штип. Јас сум професионален работник кој е подготвен да одговори на секоја задача и како таков ме знаат штипјани. Кампањата ќе биде на база на флери и ќе биде достапна до сите медиуми и социјални мрежи. Борбата против криминалот ќе биде еден од акцентите на кампањата, како и креирање на нови работни места за младите со цел да се задржат во градот. Промена на урбанистичкиот план на градот е исто така во програмата. Очекувам да бидам прифатен од страна на граѓаните, затоа што треба да се гласа за човек кој ќе им стои на располагање на граѓаните и тие да го постават оној за кого сметаат дека е најадекватен за ова место, вели Ангелов.

Целиот разговор со Гоце Ангелов проследете го во видеото. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот