ВИДЕО | Идеологијата на Виктор Орбан наспроти делувањата на Европската народна партија – зошто Фидес се повлече од парламентарнта група на ЕПП

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Унгарската владеачка десничарска партија Фидес ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент. Одлуката уследи откако ЕПП усвои промена на правилата, што беше најавено како начин за исфрлање на партијата на Орбан од нивните редови.

Орбан уште во понеделникот најави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент, наместо да ја прифати суспензијата на партијата.

-Партијата на Орбан се повлекува од парламентарната група од ЕПП во Европскиот парламент (ЕП), не од ЕПП. Пред една година партијата на Орбан беше суспендирана од ЕПП. Во ЕП вчера се подготвуваа да глсаат нови правила да се олесни исклучувањето на членови од парламентарната група, изјави во Утрински брифинг Тања Милевска, дописничка на МИА од Брисел.

Како одговор на ова Орбан рече дека се повлекува од ЕПП, но останува како член. Ова е важно бидејќи и понатаму има право на одредени фондови и финансии кои се платени од даночните обврзници на ЕУ. Практично Орбан се повлече со една нога, вели Милевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот