ВИДЕО | И Зеница стравува од обилните врнежи: Поплавени се и згради и куќи

Поплава во Бразил/ Фото: You tube

Обилните врнежи од дожд кои паѓаат во изминатите 24 часа предизвикаа големи проблеми во поголемиот дел на Босна и Херцеговина, пишува avaz.ba.

Во Зеница e пораснат водостојот на реката Босна и се заканува излевање од коритото. Во некои делови водата веќе е стигната до шеталиштето.

Денеска во поголемиот дел од кантонот Сараево поплавите направија големи проблеми. Најпогодени беа Рељево, Рајловац, Доглоди, Отес. Беше вршена и евакуација на граѓаните и сите расположливи единици беа на терен.

Драматично беше во неколку сараевски населби, особено во Отес, каде што нема струја и вода.

Пожарникарите користеа чамци за да ги извлечат старите и изнемоштени лица кои беа заробени во нивните куќи.

Состојбата во Отес е драматична од утринските часови.

Како што информирале од Професионалната противпожарна единица на кантонот Сараево, поплавени се и згради и семејни куќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот