15 C
Скопје

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Судењето на Дерек Шовин, поранешен полицаец во Минеаполис, на кого му се суди за убиството на Џорџ Флојд минатата година заврши.

Дерек Шовин беше отстранет од судницата со лисици откако беше прогласен за виновен по сите точки, убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен, во смртта на Џорџ Флојд

Обвинителството  предходно им соопшти на поротниците дека Шовин го убил Флојд, но одбраната тврди дека поранешниот полицаец правилно ја следел полициската постапка. Америка го чека резултатот од едно од најголемите судења во последниве години, а судот е заштитен со бодликава жица, високи бариери и вооружени војници од Националната гарда.

Градовите низ целата земја се подготвуваат за протести без оглед на пресудата.

Хеликоптери започнаа да летаат над Вашингтон веднаш штом беше објавено дека поротата ја донела пресудата.

Националната гарда е на улиците на Минеаполис.

Обвинителството и одбраната вечра дадоа завршни зборови во тринеделното судење. Обвинителството тогаш имаше друга можност да ги побие аргументите на одбраната пред поротата да биде испратена на разгледување.

Ерик Нелсон, адвокат на поранешниот полицаец Дерек Шовин, тврди дека неговиот клиент го сторил она што секој „разумен полицаец“ би го сторил откако се нашол во „динамична“ и „флуидна“ ситуација во престрелка на голем човек со тројца полицајци.

Тој рече дека камерата и значката на Шовин биле паднати од неговата униформа поради „жестоките борби“.

Нелсон исто така тврди дека Флојд бил значително под влијание на дрога затоа што телото реагира на употреба на опиоиди, особено во случај на некој со дијагностицирана хипертензија. Адвокатот тврди дека Шовин најверојатно намерно не ги прекршил правилата за употреба на сила затоа што ако го сторел тоа, ќе беше свесен дека се снима целиот процес.

„Полицајците знаат дека сè е снимено на камера“, додаде Нелсон.

Обвинителот Стив Шлајхер ја повика поротата „да го користат здравиот разум, да веруваат со своите очи и на она што го видоа“, повикувајќи се на видеото на кое се гледа како Шовин клечи врз вратот на Џорџ Флојд повеќе од девет минути.

„Ова не беше полициска акција, ова беше убиство“, додаде тој.

Обвинителот Џери Блеквел вечраго даде и својот последен исказ. Тој рече дека целиот процес е „толку едноставен што дури и дете може да го разбере“.

„Всушност, детето го разбра, кога деветгодишно девојче рече: ‘ Бегај од него ’“, вели Блеквел, повикувајќи се на еден од набљудувачите на немилиот настан.

„Беше толку едноставно. Бегај од него. Здрав разум“.

Снимката од белиот човек Дерек Шовин како го дави Џорџ Флојд на подот и вика „Не можам да дишам“ предизвикаа неколкумесечни глобални протести во 2020 година. Гувернерот на Минесота, Тим Валц, вчера пред пресудата побара безбедносна помош од државите Охајо и Небраска.

Демократите беа сериозно критикувани откако повеќе од 1.000 згради и објекти на компании беа оштетени во немирите минатата година.

Рано наутро, двајца припадници на Националната гарда се здобија со полесни повреди додека чувале населба во Минеаполис. Во нив било пукано од автомобил.

 

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар