ВИДЕО: И затворен покрив не помага, нема услови за тенис на „УС Опен“

Организаторите во Њујорк (САД) се соочуваат со големи проблеми/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

На грен слем турнирот „УС Опен“ беа видени неверојатни сцени бидејќи мечот помеѓу Диего Шварцман и Кевин Андерсон мораше да биде прекинат поради дожд. Ниту затворањето на покривот не помогна, торнадото што дивееше во Њујорк (САД) ги изненади сите.

Врнежите беа толку силни што го пробија затворениот покрив и почнаа да го потопуваат теренот, а снимката дојде од подземната железница во Њујорк која покажува за каква бура станува збор.

Дождот се истури во метрото, а мечевите на УС Опен мораа да се одложат. Првично, тие беа преместени за еден час, но како што стојат работите, денешната програма нема да започне наскоро.

Тоа може да влијае и на мечот на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој беше планиран да излезе на терен околу 1 часот по полноќ по наше време.

Сите дуели се преместени и доколку торнадото продолжи да дивее може да создаде огромни проблеми со организацијата на турнирот во следната рунда.

„УС Опен“ конечно ја објави ситуацијата и најави дека ќе го одложи почетокот на сите натпревари.

– Го почитуваме вашето трпение и ја проценуваме нашата подготвеност. Безбедноста на нашите навивачи, тенисери и персонал е од најголема важност. Ќе дадеме известување за отворањето на вратите и почетокот на натпреварите – се вели во соопштението на „УС Опен“.

ВИДЕО: Паника во Њујорк, ураганот Ида ги исплаши навивачите на УС Опен

Видео на денот