ВИДЕО I Вучиќ: Косово го чекаат големи изненадувања, замрзнат конфликт значи да се чека кој прв ќе извади меч

Во интервју за телевизијата Хепи, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Косово нема право да аплицира за членство во меѓународни организации, бидејќи тоа е забрането со потпишаните договори.

„Тие немаат идеја, не ги читаат договорите што ги потпишуваат. Тие не смеат да аплицираат до меѓународни организации. Доколку се пријават, ќе имаат големи изненадувања“, рече Вучиќ.

Но, иако Вучиќ му се закани на Косово, тој сепак рече дека не сака војна и додаде дека сите треба да знаат какви се опасностите од замрзнат конфликт.

„Замрзнат конфликт значи дека се чека кој прв ќе извади меч. Не би сакал моите синови да одат во војна. Не смееме да дозволиме крв да влезе во нашите мозоци, мора да бидеме реални, луѓето мора да знаат кои се сите опасности од замрзнат конфликт. Албанците во основа не се подготвени за компромисно решение“, додаде Александар Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот