ВИДЕО: И во Скопје се слави победата на Ердоган

Припадници на турската заедница во Скопје ја прославуваат победата на турскиот претседател Ердоган/Фото: ТРТ/Твитер

Припадници на турската заедница во земјава вечерва во Скопје ја прославуваат победата на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

Организирани со возила и турски знамиња, припадниците на турската заедница во земјава се движеа низ централното градско подрачје.

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот