ВИДЕО I Во Италија се појави свлечиште на гробишта: дел од починатите завршија во море

Стотици закопани ковчези паднаа во море кога свлечиште уништи дел од гробиштата крај италијанскиот брег кај Камоли во близина на Ѓенова.

Одронот уништи и дел од зградата на гробиштата, како и две приватни капели, кои беа на работ на карпа, објавја италијанските медиуми.

Видеото направено од работниците на гробиштата го покажува моментот кога дел од гробиштата се одвоил и паднал во морето.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат ковчезите, од кои многу завршија во морето и на карпите на 50 метри под гробиштата. 

„Потрагата по човечки остатоци по оваа несреќа сè уште трае“, рече Франческо Оливари, градоначалник на крајбрежниот град Камогли, додавајќи дека пожарникарите, поморската полиција и другите служби за итни случаи се на терен и бараат во водата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот