ВИДЕО I Влегоа во историја на медицината: Девет мајмуни во Зоолошка во Сан Диего примија анти-ковид вакцина

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Девет мајмуни во Зоолошката градина во Сан Диего се вакцинирани против ковид-19 со што влегоа во историјата на медицината, рекоа официјални претставници на ЗОО. Една од примателите на вакцината е 28 годишната орангутанка Карен која во 1994 година беше првиот човеколик мајмун што беше подложен на операција на отворено срце.

– Секој од мајмуните доби по две дози од експерименталната вакцина која оригинално е наменета за кучиња и мачки. Ниту еден од нив немаше лоша реакција при вакцинирањето и сите се чувствуваат добро, изјави портпаролката на ЗОО во Сан Диего, Дарла Дејвис за агенцијата „Ројтерс“.

Одлуката за вакцинирање на мајмуните дојде по појавата на ковид-19 меѓу горили во Сафари парк во Сан Диего во јануари.

– Осум од нив се опоравија или се на пат да оздрават, додаде Дејвис.

Горилите сега не беа вакцинирани оти ветеринарите сметаат дека нивниот имунолошки систем развил антитела за борба против коронавирусот. Се претпоставува дека горилите биле заразени од асимптоматски вработен во паркот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот