ВИДЕО I Трамп одбива да се откаже од претседателскиот статус: Најави учество на демонстрации!

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ќе присуствува на протестите во Вашингтон, на 6 јануари, што се совпаѓа со ратификувањето на гласовите на Изборниот колеџ во Конгресот, поради објавувањето на победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Тој на Твитер сподели видео во кое ги охрабрува своите приврзаници да протестираат против резултатите од изборите во ноември и рече дека ќе биде таму.

Демонстрантите планираат да се соберат на споменикот на  Плоштадот на слободата Џорџ Вашингтон, и зградата на Капитол. „Горди момчиња“, десничарска екстремистичка група која промовира насилство, вети дека ќе се појави во режим под целосна воена опрема, според мрежата „CNBC“.

Претходно демонстрантите се судрија со полицијата и за време на митинзите во Вашингтон во декември за изборните резултати, расизмот и ограничувањата наметнати поради епидемијата. Тогаш најмалку 4 лица беа прободени со нож во главниот град по митингот на про-Трамп.

Републикански сенатори веќе извесно време вршат притисок да се одложи усвојувањето на победата на Бајден во среда. Џо Бајден победи на изборите со 306 гласа наспроти 232 гласа на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот