ВИДЕО I Тлото не се смирува: Уште еден земјотрес ја тресеше Италија, во Хрватска расте бројот на жртвите

По земјотресот околу 14 часот со јачина од 3,4 степени, тлото на северот на Италија уште посилно се тресеше во 15,36 часот, кога беше регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени.

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) е регистриран земјотрес со епицентар на 22 километри од Верона на длабочина од девет километри.

Уништени патишта, уништени згради и човечки жртви се последицата од земјотресот што го потресе Петриња во Хрватска попладне. Земјотресите беа почувствувани во Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Италија, па дури и Виена.

Најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска.

Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица.

Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек.

По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, пренесува Хина.

На терен се осум кучиња во потрага по настрадани под урнатините од земјотресот.

Во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска, загинаа најмалку три лица, повредени се најмалку 20 луѓе и предизвикана е голема материјална штета во Загреб, Сисак и Петриња.

Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња, а земјотресот бил почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси.

Мерка за безбедност во Словенија по земјотресот во Хрватска: Нуклеарката Кршко прекина со работа

Колони автомобили и пешаци сè уште се на улиците на Загреб во сите правци, по силниот земјотрес што го затресе и главниот град на Хрватска.

Сообраќајот дополнително го забавува и дождот, а граѓаните кои по земјотресот од страв излегоа на улиците полека се враќаат во своите станови и куќи, но има луѓе уште по улиците.

Според агенцијата Хина, на сите им се гледа страв и загриженост на лицата.

По силниот земјотрес во Петриња, кој се почувствува и во Загреб и предизвика штета на зградите што веќе беа оштетени, Канцеларијата за управување со вонредни состојби на градот Загреб апелираше до граѓаните да не излегуваат со автомобили, за да можат да поминат службите за брза помош.

Во западниот дел на Загреб, каде повеќето станбените згради се од понова градба, нема видливи штети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот