ВИДЕО I Страшен пожар во Ниш: Пламените јазици ги проголтаа домовите на 10 семејства

Десет семејства од Ниш, меѓу кои и луѓе со деца вечерва буквално останаа на улица откако околу 20 часот. Огнената стихија ги проголтала нивните домови сосе покуќнината и нивните документи, објавија српските медиуми.

Според првичните сознанија, пожарот започнал кога се запалил оџак на една од бараките, по што огнот се проширил на соседните стари монтажни објекти, доградувани со трска и цигли.

Засега во пожарот нема повредени, соопшти полицијата.

Противпожарните единици реагираа брзо, а во гаснењето на пожарот учествуваа 18 пожарникари со осум возила.

Претседателот на општината Црвен крст, Мирослав Милутиновиќ и неговите соработници веднаш излегоа на местото на настанот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот