ВИДЕО I Спремен за инаугурација: Бајден ја прими и втората доза од вакцината на „Фајзер“

Фото: youtube/prinscreen

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја прими и втората доза од анти-ковид вакцината на „Фајзер“.

Бајден се вакцинира во болницата „Њуарк“ во американската сојузна држава Делавер, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Првата доза Бајден ја прими во декември, со директен пренос на национална телевизија.

Американскиот Конгрес во четвртокот ја потврди победата на Бајден на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември. Неговата инаугурација е закажана на 20 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот