ВИДЕО I Голема сообраќајна несреќа во Тексас: Се судија 133 возила, загинаа најмалку шест лица

Фото: youtube/printscreen

Во Форт Ворт, Тексас се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа над 133 возила долж автопатот и според информациите од американските медиуми има најмалку шест загинати лица.

Несреќата го запре сообраќајот и ги зароби возачите во нивните автомобили. Официјални лица истакнаа дека најмалку 36 лица се хоспитализирани, а вкупно 65 побарале медицинска помош.

Автомобилскиот метеж се случил во 6 часот наутро по локално време по врнежите на леден дожд и лапавица во текот на ноќта.

Сите ленти на меѓудржавниот автопат мораа да бидат затвотени за сообраќај по несреќата за која причина се временските прилики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот