ВИДЕО I Снежна трагедија во Милано: Паднати дрвја предизвикаа колапс во сообраќајот, бездомници умираат под белата снежна покривка

Најмалку 20 сантиметри снег падна денес во Милано и во западниот дел на регионот Ломбардија. Лошите временски услови во Италија си го направија своето. Паднатите дрвја го нарушија транспортот во економскиот главен град на Италија. Седумдесет и шестгодишен бездомник е пронајден на улица под снегот. Тој подоцна починал во болница.

Здравствените служби соопштија дека три лица доживеале срцев удар додека чистеле снег од тротоарите пред нивните домови.

Локалните власти мобилизираа десетици чистачи на снег за расчистување на големите артерии, но многу мали улици останаа недостапни. Некои трамвајски линии беа запрени со часови.

Шефот на градскиот сообраќај Марко Гранели рече дека приоритет за властите е отстранување на паднатите дрвја и расчистување на влезовите во болниците, здравствените установи и местата за тестирање на коронавируси, објави Ројтерс.

Локдаунот што ги држеше Италијанците во своите домови во периодот од 24-27 декември беше олеснет во понеделникот, овозможувајќи им на луѓето слободно да се движат низ нивните градови дури и додека повеќето услуги остануваат затворени или строго ограничени.

Лошите временски услови доведоа до проблеми и во сообраќајот на автопатот А26 во правец кон Џенова, каде што е најголемото пристаниште во Италија. Зафатен е и сообраќајот на возови и одложувањата на моменти надминаа два часа, главно поради паднати дрвја на пругите.

Тунелот Гран Сен-Бернард на границата со Швајцарија беше затворен за тешки товарни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот