ВИДЕО I Скандал во католичко училиште: Наставник од Колумбија по онлајн час ги бакнувал градите на сопругата, учениците снимиле сè

Учителот во католичкото училиште во Колумбија Рубен Дарио Парас е снимен во непријатна ситуација за време на повикот „Зум“ со неговите ученици.

После онлајн часовите, Рубен заборавил да ја исклучи камерата, па се препуштил на размена на нежности со неговата сопруга. Во еден момент тој и ја подигнал маицата и започнал да и ги бакнува градите.

16-годишните ученици со неверување гледале што се случува, а некои дури и го снимија својот учител во компромитирачката ситуација и снимките наскоро станаа вирални.

Наставникот подоцна им се извини на учениците.

“Некои сцени беа снимени кога сопругата дојде да ме поздрави и стана вирална на Интернет. Секако дека тоа беше моја вина, не знаев дека камерата е сè уште вклучена. Не го сторив тоа намерно, беше сосема случајно Сакам да се извинам ако некого навредив “, рече наставникот, а директорката Патриша Дуран Сешпедес започна истрага за случајот.

“Ова е сериозна работа, наставникот се однесуваше несоодветно за време на часовите, а ситуацијата ја снимија некои ученици. Подоцна, видеото стана вирално на социјалните мрежи”, рече таа.

Видеото предизвика и лавина коментари на Интернет.

“Се чувствувам тажно гледајќи го лицето на неговата сопруга. Таа не покажува никакви чувства. Или на професорот му треба упатство за доење”, напишаа луѓето, а имаше и такви кои се обидоа да го одбранат професорот.

“Човечки е да се направи грешка. Заборави на камерата, а  бидејќи е дома, може да прави што сака”, е еден од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот